Александра Велева е добитник на наградата „Дијалог” за 2012 година за книга од млад истражувач. Таа наградата ја добива за книгата „Интеркултурната комуникација изразена во масовната култура”.
Одлуката за ова признание ја донесе жирито во состав д-р Снежана Веновска-Антовска (претседател), д-р Веле Смилевски и д-р Јован Дамјановски.
Добитничката на наградата Александра Велева магистрира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, а сега е ангажирана на високошколската институција „Евро-Балкан” во Скопје.
Во образложението, меѓу другото, се вели дека книгата „Интеркултурната комуникација изразена во масовната култура” опфаќа област што е малку истражувана во македонската научна средина.