Целта на акцијата беше да се развие свеста кај учениците за консумирање здрава храна за правилен раст и развој.
Учениците и наставниците од ОУ „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче минатата недела спроведоа еколошка акција под мотото „Здрава храна за детство без мана“.
Учениците во централното училиште на ОУ „Гоце Делчев“ применуваа различни начини за приготвување здрава храна. Подготвија сокови, салати, сендвичи, а потоа ги дегустираа. Најмалите ученици, пак, изработуваа ликовни творби.
Учениците од подрачното училиште истражуваа за составот, потеклото и значењето на некои видови овошја и зеленчуци, за здравјето, а пишуваа и рецепти и изработуваа ликовни и литературни творби.