По повод одбележувањето на 50 годишнината од Скопскиот земјотрес, маркетинг агенцијата Публицис ја спроведува акцијата „Го сакам Скопје“.
Во најавата велат: „Го сакам Скопје заради филозофските муабети направени во 5 сабајле, заради журките на Водно, заради сепарињата во парк, заради испиеното вино на форум …а вие?
Сигурно и вашите причини се безброј и интересни за споделување.Како дел од иницијативата за одбележување на 50 годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје,започнува акцијата “ГосакамСкопје”.Искористете го “hash” тагот #госакамскопје и на Facebook или на Twitter допишете ја причината зошто Скопје е град кој се сака.“
#госакамскопје
#gosakamskopje
#еduashkupin