Денеска (недела, 11 август) на фестивалот за современа уметност АКТО, чија годинашна тема е „Час по природа и општеставо“ на програмата е Лекција бр. 5 „Исцртување поезија“. Работилницата започнува во 11:00 часот во Акто кафе Јагода, а ќе ја водат Христина Иваноска и Јане Чалоски.
Идејата за оваа креативна работлница е да се потсетиме ние возразните и да споделиме со нашите деца избор од убавите и проникливи песни и раскази напишани од македонски автори, како Васил Куновски, Волче Наумчески, Оливера Николова, Стојан Тарапуза и многу други. Ние уметниците ќе подготвиме избор на творби и истите заедно ќе ги исчитаме а потоа и разработиме на креативен начин преку цртежи со креда на платото на АКТО фестивалот. Сите заедно, децата со нивните родителите, а креатвно водени од уметниците, ќе се обидеме да ги пронајдеме и да споделиме убавите и значајни пораки за детството, слободата и иднината.
13:00-14:00: НАГРАДА ДРАГИША НАНЕВСКИ, ДОДЕЛУВАЊЕ НА КНИГИ НА ГОСТИТЕ
ОFF ПРОГРАМА
Локација. AKTO КАФЕ ЈАГОДА
13:00 –
DJ set:
Viktor Ristevski
21:00 –
DJ set: Goran Tech
*09.08 / 10.08.2013
14:30 ч. АКТО ТРАНСПОРТ
Бесплатен превоз со воз Скопје-Битола