Академски летни разговори на Универзитетот Евро-Балкан

Во рамките на Академските Летни Разговори 2013 во Универзитетот Евро-Балкан и Македонскиот Центар на ИТИ (конференциска сала), од утре (среда, 4 септември) ќе се одржат следниве предавања:

 

evro balkan univerzitet

Среда, 04.09.2013 со почеток во 20:00 / конференциска сала:

“Романија – помеѓу надворешната и внатрешната перцепција“

“Дали Романците се навистина религиозни?

Ова и слични прашања ќе бидат дискутирани во интерактивната презентација на Милица Петрушевска (Македонија) и Андреја Брату (Романија). Милица работи како лектор по македонски јазик во Романија.Таа ќе ги сподели своите променливи перцепции за романското општество:почнувајќи од сопствените ограничени предрасуди, па се до покомплексни и подлабоки погледи на романското општество, по три години живеење и работа во Романија. Андреа е Романка, работи на Универзитетот во Крајова, предава англиски јазик, и ги истражува ритуалите на раѓање и погребување во романската култура и нивниот историски контекст. Андреа
ќе зборува за истото, но од перспектива на родена Романка. Презентацијатаќе биде посветена на сличностите и судирот на различните
култури.

Четврток, 05.09.2013 со почеток во 20:00 / конференциска сала:

“Европската Унија како куратор на Европскиот театарски свет“- Предавање на Лонеке ван Хогтен, докторски кандидат-истражувач на ASCA, на Универзитетот во Амстердам.

Во Европа, концептот за култура е искористен и злоупотребен. Од една страна, културата е извор за дебати и (измислен) конфликт, тесно поврзан со етничноста, имиграцијата и интеграцијата. Од друга страна,на зајакнувањето на културата се гледа како на решение за недостатокот од комуникација. Програмата за култура на Европската унија, нпр. ја охрабрува културата со цел да ги зајакне споделувањето на културното наследство и културните вредности. Како таква, ги субвенционира
уметничките форми како што е театарот, со цел да се поттикнат соработки преку границите. Кои се стапиците и можностите на ваквите транснационални соработки во театарот? Како истите се справуваат со предметот на мултикултурализам и транскултура?

Лонеке ван Хогтен доаѓа од Холандија, ќе ги елаборира овие прашања поаѓајќи од сопствениот контекст и од перспективата на нејзиното актуелно докторско истражување: “Курирање на “Европските култури“. Европската Унија како куратор на Европскиот театарски свет`.

 

Петок, 20.09.2013 со почеток во 20:00 / конференциска сала:

“Бродвејски снепшот“ предавање на Нил Флекман.
Инсајдерски поглед на Њујоршкиот театар – неговите недостатоци и предности – неговите плусеви и мамки.

Нил Флекман е актер, режисер и театарски продуцент од Чикаго, САД. Студиите ги заврши на Уметничката школа на Универзитетот Колумбија, и своето театарско деби го изведе во претставата Розенкратц и Гилдерстајн се мртви на Том Стопард. Неговите њујоршки продукции ја вклучуваат и соработката со Пол Тејлор Денс Компани, и Рудолф Нурејев во главната улога. Тој презентираше и промовираше Бродвејски продукции ширум Америка. Флекман ги режираше драмските текстови на Шекспир,Тенеси Вилијамс, Артур Милер, Џон Стајнбек, Џо Ортон, Кен Лудвиг и Алфред Хичког , при тоа неговите продукции гостуваа низ САД, Турција,
Русија, Украина, Молдавија, Тунис, Виетнам, Србија и Канада.

“Од Караѓоз до Мустафа Кемал и понатаму…“предавање на Дениз Болдаз.
Перспектива на Турскиот театар од Отоманскиот период – преку новата република на Атататурк – до денешната разноликост.

Дениз Болдаз дипломирал на Драмската школа Санат Еви во Истанбул каде што студирал во класата на Аила Алган и Беклан Аглан, едни од најзначајните драматурзи во Турција. Како актер Дениз настапувал во главните улоги на претставите поставени во повеќето театри во Истанбул, како: “Чекајќи го Годо“ (Семуел Бекет), “Розенкратц и Гилдерстерн се мртви“ (Том Стопард), “Изгори го ова“ (Ленфорд Вилсон), “Грабеж“ (Џо Ортон), “Екстремитети“ (Вилијам Мастросимон), “Приказна за Зоолошката градина“ (Едвард Олби), “Клетвата на изгладнетата класа“ (Сем Шепард), “Странци во возот“ (Алфред Хичког). Дениз Болдаз и Нил Флекман заедно го формираа Истанбулскиот театар Кирмизи.

You May Also Like