Од денеска (четврток, 12 септември) директно од студиото на Disney пристигнува новата анимирана авантура „Авиони“. Ќе се запознаеме со светот над познатите „Автомобили“ кој овие филмски креатори ни ги претсавија пред неколку години. Заедно со „Авиони“ доаѓа и тинејџерската акциона авантура „Инструментите на смртта: Градот на коските“.
Од студиото на Disney ни пристига новата авантура „Авиони“. Креаторите на познатите „Автомобили“ (Cars), ни ги претставуваат новите анимирани херои. По супер-успешниот анимиран филм „Автомобили“ од 2006 година (кој заработи над 460 милиони долари од кино прикажување) и „Автомобили“ од 2011 година (со кино заработка од над 550 милиони долари), овој пат креаторите не носат директно над светотот на автомобилите, во светот на Дасти, авионот кој сонува дека некој ден ќе стане познат тркач.
Станува збор за акциско-авантуристичка 3D анимирана комедија, преку која се запознаваме
со Дасти и неговиот тим составен од пријатели и поддржувачи. Но, Дасти всушност не е направен за тркање – и покрај тоа, се плаши од висина. Поради сето тоа, тој ќе побара помош од сезонскиот авијатичар кој ќе му помогне на Дасти да се квалификува на посакуваното првенство. Храброста на асти ќе биде ставена под ултимативно искушение додека се подготвува за освојување на висината за која само сонуваше…
Во четврток пристигнува и филмот кој беше номиниран за MTV наградите, номиниран во категоријата на најдобри тинејџерски летни филмови. „Инструментите на смртта: Градот на коските“ базиран на романот на Касандра Клер го следи животот на тинејџерката Клери. Приказната е сместена во современ Њујорк каде Клери Фреј, наизглед обична тинејџерка, открива необична вистина за себе. Таа е потомок на лозата на Ловци на сенки, тајниот ред на млади полу-ангели, војници заробени во древна борба за спас на нашиот свет од демони. Откако нејзината мајка мистериозно исчезнува, Клери е принудена да им се придружи на Ловците на сенки кои ја запознаваат со опасноста на „другата страна“ на Њујорк.