Три нови филмски премиери на редовниот репертоар на Cineplexx. Од денес (четврток) не очекуваат три нови различно жанровски потковани приказни – крими трилер, комедија, научна фантастика.
Од добитникот на DGA наградите, номинираниот за ЕМИ – Пол Фиг, режисерот на „Деверуши“ (гледан ширум светот со заработка од околу 300 милиони долари), „Жестоки девојки“ има осврт на чуден спој на околности каде партнерките кои се службени извршувачи на законот, на општ шок, полека пронаоѓаат заеднички јазик. Во филмот глуми Оскаровката Сандра Булок, чии филмови донесоа заработка од 2.9 милијарди долари, и номинираната за Оскар Мелиса МекКарти, која едно подруго глумеше во два големи хита – „Деверуши“ и „Крадец на идентитет“. По неколку години „Жестоки девојки“ ни донесе одлична смеа и вистински емоционални улоги.
По повод премиерата на овој филм во Cineplexx ќе биде огранизирана тематска вечер, односно првата Ladies Night. Имено за премиерната проекција во 20.00 часот цената на билетот ќе биде намалена на 150 ден. Дополнително ќе биде намалено и Женското Мени на 100 ден. Со купен билет посетителите на подарок добиваат списание Теа Модерна и производи од новата линија Go nutri на Виталиа.
На еден ден пред неговата премиера во САД, кино љубителите ќе можат да го погледнат филмот „Битка за Пацификот“ на режисерот Гилермо дел Торо. Станува збор за нова научна фантастика каде во херојска акција пилотите кои ги предводат Јејгерите се обидуваат да го спасат човештвото од монструозните суштества Каиџу. Режисерот дел Торо инспириран од Аниме стриповите од неговата младост изјавува „Ги креирав овие Јејгери со анатомија налик каубојци. Не сакав да наликуваат на Аниме туку да имаат свој претпознатлив изглед и карактер. Овој филм говори за детето во мене, нешто што ниту еден мој претходен филм го постигнал.“
[fb_button]
Истата вечер ни пристига и филмот „Голема илузија“ кој ги обедини едни од најдобрите глумци (Џеси Еинсберг, Вуди Харелсон, Марк Рафало, Морган Фримен, Исла Фишер, Мајкл Кејн).
Станува збор за одличен криминалистички трилер во кој елитната единица на ФБИ е вклучена во играта наречена мачки и глувци со супер-тимот на најдобри светски илузионисти – „Четири јавачи“.
Илузионистите во текот на својата претстава изведуваат серија на храбри грабежи во кои жртвите се расипани финансиски моќници. По грабежите, милионите долари од својот плен ги префрлаат на сметките на своите гледачи, секогаш на еден чекор пред законот.
Повеќе информации за филмовите можете да најдете на нашата веб страна www.cineplexx.mk и на нашата facebook страна https://www.facebook.com/CineplexxMakedonija
РАСПОРЕД НА КИНО ПРОЕКЦИИ:
[fb_button]
Жестоки девојки (The Heat)
чет: 16:20, 18:30, 20:00, 20:50, 23:10
пет, пон, вто, сре: 16:20, 18:30, 20:50, 23:10
викенд: 11:30, 14:00, 16:20, 18:30, 20:50, 23:10
Битка за Пацификот (Pacific Rim)
работни денови: 15:10, 17:45, 20:20, 23:00
викенд: 12:30, 15:10, 17:45, 20:20, 23:00
Голема илузија (Now you see me)
чет: 15:00, 17:30, 18:40, 20:10, 21:00, 22:30
пет, пон, вто, сре: 15:20, 17:45, 18:40, 20:10, 21:00, 22:30
викенд: 13:00, 15:20, 17:45, 18:40, 20:10, 21:00, 22:30
Осамениот ренџер (Lone ranger)
работни денови: 16:10, 19:00, 21:50
викенд: 16:10, 19:00, 21:50
Со пот до пари (Pain&Gain)
работни денови: 19:30, 22:00
викенд: 11:50, 19:30, 22:00
Нуспојави (Side effects)
работни денови: 17:50, 23:20
викенд: 17:50, 23:20
Стажанти (Internship)
работни денови: 22:15
викенд: 14:30, 22:15
Светска Војна З 3D (World War Z)
работни денови: 16:10, 18:20, 20:40, 23:05
викенд: 14:00, 16:10, 18:20, 20:40, 23:05
Човекот од челик (Man of steel)
пет, пон, вто, сре: 20:00, 22:40
викенд: 20:00, 22:40
Земја: Нов почеток (After Earth)
викенд: 12:20
Мамурлак 3 (Hangover 3)
работни денови: 16:55
викенд: 16:55
Брзи и бесни 6 (Fast&Furious)
работни денови: 19:40
викенд: 19:40
Железниот човек 3 3D (Iron Man 3)
работни денови: 15:10
викенд: 11:20, 15:10
АНИМИРАНИ ФИЛМОВИ
Чудовишта од универзитетот 3D (Monsters University)
работни денови: 15:20, 16:20, 17:30
викенд: 11:00, 11:45, 13:10, 14:00, 15:20, 16:20, 17:30
Чувари на тајното кралство 3D (Epic)
викенд: 11:30, 13:50
*Киното го задржува правото за промена на програмата.