Bus fest на Бит Фест

Денеска и утре (3 и 4 август, 2012) во Градскиот парк во Битола, со почеток во 21:00 часот ќе се одржи четвртотo издание на BUS fest – Bitola United Summer Fest.

Во рамките на четвртото идание на фестивалот на првиот фестивалски ден ќе настапат музичките групи: Стиховно Војување од Битола, Подземан Ефект од Куманово, Raw and Wicked од Скопје, Титаниум од Прилеп и Поетика од Битола. Вториот фестивалски ден е резервиран за настап на неколку диџеи како Wasrm Up DJ, T:ZOBE и други.

Овој фестивал кој веќе станува традиционален има за цел обединување на хип хоп екипи, како и рок, поп, рап состави од различни градови, а од оваа година фестивалот е зачинет и со настапи на диџеи.

You May Also Like