За потребите на краткиот филм со работен наслов „Дедо Страхил“ во режија на Саша Станишиќ, а во продукција на Катавеј, на 13-ти септември (петок) од 11 до 18 часот во просториите на Универзитетот за Аудиовизуелни Уметности – Европска Филмска Академија ЕСРА ќе се одржи отворена аудиција за непрофесионални актери и статисти.
На аудиција за краткиот филм со работен наслов „Дедо Страхил“ се повикани сите заинтересирани од сите возрасти. За повеќе информации заинтересираните може да се информираат на фејсбук страната на филмот. Краткиот филм „Дедо Страхил“ е поддржан од Филмскиот фонд на Република Македонија.