5 поетски книги во трката за наградата „Браќа Миладиновци“

Во најтесен избор за наградата „Браќа Миладиновци“ се пет збирки поезија: „Помнам“ на Ристо Јачев, „Кога ни гореше под нозете“ на Катица Ќулафкова, „Лоши песни“ на Братислав Ташковски, „Исход“ на Јовица Тасевски-Етернијан и „Долго погребување на еден кловн“ на Винета Огненовска.

writing

Наградата „Браќа Миладиновци“  ја доделуваат Струшките вечери на поезијата, а се доделува за најдобра поетска книга меѓу две изданија на фестивалот. Годинава на конкурсот пристигнале 44 поетски книги.

Наградениот автор за 2013 година ќе биде прогласен во петок во Струга, во рамки на 52. Струшки вечери на поезијата кои официјално почнуваат утре.

You May Also Like