Македонците го одбележаа 8-ми септември во Торонто

Во рамки на прославата по повод државниот празник 8-ми септември, во центарот на Торонто пред Собранието на Онтарио, беше високо подигнато македонското знаме.

Proslava na denot na nezavisnosta vo Toronto

Со посебно одобрение од високите провинциски власти а во организација на Генералниот конзулат на Македонија во Торонто, во присуство на стотици македонци и странски гости пријатели на Македонија, оваа година македонското знаме го подигна г-дин Алек Петличков кој повеќе од половина век е кореограф на најстарата игроорна група помеѓу македонската дијаспора во светот – Македонската игроорна група ,,Македонка,, од Торонто.

По спектакуларната интерпретација на македонската и канадската химна во изведба на црковниот хор при МПЦ ,,Св.Климент Охридски од Торонто,, , многубројните посетители беа поздравени од Генералниот конзул Драган Ѓурчевски и претседателот на најстарата македонска организација ,,Обединети Македонци,, од Торонто Мирче Шмагранов. Честитки по повод денот на независноста на Македонија испратија Премиерот на Онтарио Катлин Вин и Градоначалникот на Торонто Роб Форд.

Во продолжение на прославата по повод денот на независноста се одржа и традиционалната гала вечер во организација на Пензионерското друштво ,,Гоце Делчев,, од Торонто.

You May Also Like