Вечерва унгарецот Роби Лакатош на сцената на Античкиот театар

Уште голем концерт во рамките на Охридско лето. Доаѓа исклучителниот унгарски виолинист и уметник, Роби Лакатош кој вечерва ќе се претстави пред македонската публика.

Robi Lakatosh - Roby Lakatos

Вечерва на Античкиот театар во Охрид со почеток во 21 часот ќе настапи „ѓаволскиот виолинист“, како што го нарекуваат роби Лакатош, заедно со неговиот ансамбл.

Програма: Лакатош, Пјацола, Кон Диос, Дунаевски, Римски-Корсаков, Динику

Роден во легендарното семејство на ромските виолинисти со потекло од Јанош Бихари, „Кралот на ромските виолинисти“, Роби Лакатош пораснал со музиката и на 9-годишната возраст дебитирал како прва виолина во ромскиот оркестар. Неговата музикалност се развивала не само преку семејството, но и на Конзерваториумот „Бела Барток“ во Будимпешта кадешто во 1984 г. ја добил 1-та награда по класична виолина. Во 1986-96 гг., заедно со неговиот ансамбл, Лакатош го воодешувувал аудиториумот на “Les Atéliers de la grande Ille” во Брисел – неговиот „музички дом“ во овој период. Лакатош соработувал со Вадим Репин и Стефан Грапели, а со неговата изведба се восхитувал Сер Јехуди Мењухин кој специјално доаѓал во клубот во Брисел да го чуе.

You May Also Like