Стартува Шекспир фестивалот во Битола

Вечер (19 јули) во Центарот за култура во 20:00 часот со изведба на претставата „Ромео и Јулија“ започнува првиот „Шекспир фестивал“.

bitola_shekspir_festival

Претставата е во режија на Дејан Пројковски, а во продукција на театарот Вера Комисаржевскаја, Ст. Петербург – Русија и НУ Народен театар Битола – Македонија.

Фестивалот ќе трае до 25 јули и за време на седумте дена посветени на творештвото на англискиот автор, ќе може да погледнат театарски остварувања на престижните национални театарски куќи од Србија, Русија, САД, Финска и Kина. На овој начин Македонија оваа година ќе биде домаќин на светски познатите театри кои го негуваат творештвото на големиот Вилијам Шекспир.

Во рамките на ова фестивалско издание гости ќе бидат директорот на Шекспировиот Глоуб театар од Лондон, Том Брд, како и еден од најеминентните шекспиролози во светот, Рандал Мартин, професор на Универзитетот Њу Брунвик во Канада.

You May Also Like