Синоќа (петок, 16 август) со поетското читање на 14 млади македонски поети започна јубилејната 25-та манифестација Поетска ноќ во Велестово.
Во музичкиот дел настапи ансамблот Билјана од Охрид, а по поетското читање, беше отворна изложба на академскиот сликар Александар Станковски, со наслов „Поетика и политика“.
На денешната (17 август) интернационалната вечер , ќе читаат поетите: Одвиг Клив од Норвешка, Татјана Данилијанц од Русија, Игор Тиш од Словачка, Поли Муканова и Роман Кисјов од Бугарија и Жељко Миловиќ од Црна Гора.
По поетското читање ќе се одржи промоција на тукушто објавената стихозбирка „Со други очи“ на Одвиг Клив, учесничка во фестивалот, во издание на ПНВ Публикации.
Денеска издвојуваме стихови од Татјана Данилијанц од Русија:
Просто: за потсетување
Без наслов 1
се истите нешта ме глозгат:
смртта и заминот на блиските
загубата на другарите
со еден збор непомирливоста
ноќем ќе се разбудам
и мислам на тенката пајажина
на односите
на нејзината предавничка финост
проѕирност
(лу-леј-но-ст)
………………….
Тоа може
да се нарече алергија
на животот,
иако јас мислам тоа
е алергија
на
смртта
.
а што ако
го смениме аголот на гледање
центарот на тежата
?
може и
ќе поможе
без наслов 3
ништо да не сакаш
просто: да потсетуваш