Цвеќе пред спомен – плочата во Монополот

Пред спомен-плочата во Монополот во Скопје – Тутунскиот комбинат, делегации од земјава и од странство, денеска положија цвеќиња во знак на сеќавање на сограѓаните Евреи од Скопје, жртви на Холокаустот, што на овој датум, 11 март 1943 година, беа транспортирани во концентрациониот логор на смртта Треблинка.

Спомен-плоча
Спомен-плоча

Цвеќиња положија претстaвници од Град Скопје, претставници од верски заедници, претставници од дипломатскиот кор, но и многубројни делегации од земјава и од странство.

Веднаш потоа на жртвите им беше оддадена почит и пред нивниот вечен дом на Градските гробишта – Бутел, на Споменикот на жртвите на Холокаустот на Еврејските гробишта во Скопје.


Во рамки на неколку дневната Манифестацијата во знак на сеќавање на сограѓаните Евреи од Скопје, жртви на Холокаустот, се одржуваа повеќе настани под покровителство на Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, а во знак на сеќавање на 7.148 убиени Евреи од Македонија.

You May Also Like