Избрани добитниците на наградите „13 НОЕМВРИ“ на Град Скопје

Одборот за доделување на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје, денеска, по спроведеното тајно гласање, и официјално ги објави добитниците на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје за 2019 година.

Тајното гласање го спроведе Комисијата што ја именува Одборот, во следниот состав: претседател Вангелина Мојаноска и членови: Лорета Георгиевска-Јаковлева, Газанфер Бајрам, Севдаиљ Демири, Халил Зендели, Бранко Цветкоски, Виолета Томовска, Петре Арсовски, Роландо Кутиров, Љубиша Станковиќ и Даница Стојанова.

Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје се доделува на физички и правни лица како знак на признание на Градот Скопје за остварувања во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената и социјалната заштита, спортот и физичка култура, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други сегменти на животот, трудот и творештвото, што претставуваат посебен придонес за развојот на градот Скопје и за неговиот севкупен напредок и афирмација во Република Македонија и во светот.

Наградата може да се додели и на физички и правни лица од други држави кои оствариле посебен придонес за Градот. Исто така, Наградата се доделува и на ученици и студенти за творечки труд или континуирани успешни постигнувања во наставните и во воннаставните активности што претставуваат посебен придонес за напредок и афирмација на Градот Скопје.

Добитници на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје, за 2019 година се:

Од областа на науката
Проф. д-р ХРИСТИНА СПАСЕВСКА
Професор на Факултетот за електротехника и информациски технологии „Универзитет Свети Кирил и Методиј“- Скопје

-за остварувања во науката, техниката и стопанството од областа Обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност

Од областа на хуманитарната активност
д-р ЖИКИЦА ЃОРЃИЕВСКИ
Д-р стоматолог

-за континуирана поддршка на лицата од социјален ризик

Од областа на културата
д-р ДИТА СТАРОВА ЌЕРИМИ
Директор на Националната галерија

-за посебен придонес во културата и севкупниот развој и афирмација на Град Скопје

Од областа на уметноста
ФРОСИНА ЗАФИРОВСКА
Кустос советник во пензија

– за значајни достигнувања во областа на музејската дејност, визуелните уметности, архитектурата и дизајнот

БИСЕРА ЧАДЛОВСКА
Диригент

– за континуирано успешно творештво во областа на музичката уметност

Од областа на публицистиката
ЕРИНА БОГОЕВА
Фотограф

-за изработка и издавање на монографијата со фотографии „Скопје-архитектурата како фотографска скулптура (1963-1990)“

АЛЕКСАНДАР ТРАЈКОВСКИ
Музички педагог, истражувач и публицист

-за значаен придонес во областа на културата,уметноста и литературата со објавувањето на книгата “Музиката во македонскиот игран филм од Фросина до Лазар“

Од областа на спортот
КАРАТЕ КЛУБ РАБОТНИЧКИ СКОПЈЕ
Правно лице

– за 50 години постоење и постигнати врвни спортски резултати на домашен и меѓународен план

АЛИЛИ БЕСИР
Спортист-борење

– за освоено прво место на Европско првенство во борење за кадети

Ученици и студенти
АНА МАРИЈА АТАНАСОВСКА
Ученик во СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин “-Скопје

– за постигнати резултати во воннаставни активности

СТЕФАН СТОЈКОВИЌ
Ученик во СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин “-Скопје

– за успешни постигнувања во наставните и воннаставните активности и посебен придонес за афирмација на градот Скопје во светот.

You May Also Like