ФОТО: Идејно решение за сплавови на Вардар

Град Скопје по донесената одлука од страна на Советот, спроведе јавен повик за доделување на право и издавање на одобрение за поставување на урбана опрема за вршење на угостителска дејност на кејот на реката Вардар.

По огласот, пристигнаа понуди за деловите 1 и 4, додека за деловите 2 и 3 не пристигнаа понуди за идејни решенија.

Идејните решенија за деловите 1 и 4 се на друштвото за промет со стоки и услуги “Фаланга Дим“ ДООЕЛ-Скопје.

За деловите 2 и 3 јавниот повик се поништува и Град Скопје наскоро ќе реши дали ќе ја повтори постапката со нов јавен повик.

Град Скопје во натамошниот тек на постапката ќе ги регулира правата и обврските во согласност со правилата предвидени во Одлуката и конкурсот и понудата на избраниот оператор.

You May Also Like