Денеска (понеделник, 19 август) на Малата сцена во Центарот за култура во Битола во 20:00 часот ќе биде промовиран спотот „Културни вредности на Битола Time – lapse 2013”.
Станува збор за спот за градот Битола изработен со time – lapse техника на фотографирање. За фотографирање избрани се повеќе значајни локации за градот Битола, како: Саат кулата, Меморијалниот комплекс на Плоштадот Магнолија со споменикот, Домот на АРМ, Широк Сокак, Завод и Музеј и други значајни места и обележја на Битола. Во изработката на спотот учествуваа повеќе фотографи, камермани и монтажери, а режисер е Александар Јоначиќ.