Прогласени добитниците на државната награда „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, на својата последна седница одлучи државната награда за 2012 година, како највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата,образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историско наследство на Република Македонија да ја додели на:

1. Во областа на културата и уметноста:

– проф. Владимир Георгиевски, ликовен уметник од Скопје и на
– Халил Зендели, писател од Скопје.

Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 23 октомври 2012 година (вторник) во 11 часот, во НУ Музеј на македонската борба за државност и самостојност, Музеј на ВМРО и Музеј на жртвите на комунистичкиот режим.

You May Also Like