„Прва изложба на олдтајмери“ во Македонска Каменица

Општина Македонска Каменица во рамките на „Каменичко културно лето 2013“ организира „Прва изложба на олдтајмери“ која ќе се одржи утре (среда, 28.08.2013 година) од 10 до 16 часот на Градскиот плоштад во Македонска Каменица.

Поканети се сите автомобили, теренски возила, мотоцикли и велосипеди постари од 30 години. Вечерта по завршување на изложбата на градскиот плоштад ќе настапи балканската поп ѕвезда Жељко Самарџиќ.

За сите учесници обезбеден е доручек и ручек во ресторанот на плоштадот, а за сите што ќе сакаат да останат на концертот обезбедено е сместување во некои од сместувачките капацитети во Македонска Каменица.

Сите учесници ќе добијат ваучери за точено пиво од Прилепска пиварница, која е спонзор на манифестацијата.

извор: Курир

You May Also Like