“Охридскиот хорски фестивал” со најдобрите европски хорови на едно место

Професионални хористи од повеќе европски земји учествуваат на 6-то издание на Охридскиот хорски фестивал кој започна во четвртокот (22 август), а ќе трае до утре (понеделник, 26 август).

Покрај настапите на отворено, хоровите во хотелот Инекс имаат можност да се престават во ревијален и натпреварувачки дел, да одржат концерти,  а публиката има можност да ја чуе и нивната изведба на композиции од популарните музички жанрови во хорски аранжман.

Фестивалот завршува утре (понеделник), за кога е предвидена Конференција за хорско диригирање и интерпретација, по која што следи финалето и доделувањето на наградите.

извор: ohridnews.com

You May Also Like