Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска заедно со директорот на Управата за заштита на културното наследство Виктор Лилчиќ утре (петок, 23.8.2013 година) во 11:30 часот, ќе го посетат археолошкиот локалитет Хераклеа во Битола.
На локалитетот Хераклеа Канческа-Милевска и Лилчиќ ќе се запознаат со новите откритија до кои дојдоа археолозите во изминатиот период.