Започнува АКТО часот по природа и општество

Денеска (петок, 9 август) во 20:00 часот во Центарот за култура во Битола започнува 8-то издание на Фестивалот за современа уметност АКТО. Годинашната тема на АКТО е „Час по природа и општество“ и ќе трае до 11 август.

Фестивалот ќе го отвори „A DAY AFTER”,кореографско деби на Вероника Валдес, продукција: Плесни театар Љубљана.

Просечен човек ретко се наоѓа во ситуација во која неговиот живот и постоење е ставен во директна опасност. Сепак, може да се каже дека стравот, всушност го контролира човековото постоење во светот. Дури и во случај на основниот страв за нечиј живот, инстинктивните реакции може да се инхибираат и контролираат преку разумни реакции и рационален избор во нашето однесување. Стравот е непријатен, но животот без него е невозможен. Се плашиме од осаменост, старост, губењето на физичката сила и убавина; се плашиме од близината на другите луѓе, се плашиме искрено да ги покажеме нашите чувства, со страв дека некој ќе не предаде или искористи. Се плашиме од промени и сакаме да ги сочуваме работите токму онакви какви што се. Животно кое се наоѓа во опасност бега, напаѓа, или останува вкочането. Човек во опасност бега, напаѓа, вкочанува, и вреска.
Денот потоа ја прави сета разлика – или – можеби и не? Дали има ден потоа?

Вероника Валдес (Veronika Valdés) почнува да се занимава со танц во Одделот за современ танц во Љубљанскиот Музички и балетски конзерваториум уште на 4 годишна возраст. Го продолжила образованието во Уметничкото средно училиште, а од 2011година и на Академијата за танц во Љубљана.Земала учество во повеќе проекти и како ко-автор и како изведувач. Минатата година учествувала во музичкиот и физички перформанс „Butcher’s shop“, во режија на Sabina Schwenner, додека оваа партиципирала во ко-авторството на The Daddy Project, танцов и театарски перформанс. Добитник е на наградата „Мета Видмар“ за долгогодишен креативен придонес во областа на современиот танц во Словенија, признание кое и е доделено од страна на Словенечкиот јавен фонд за културни активности.

ОFF ПРОГРАМА

Локација. AKTO КАФЕ ЈАГОДА

21:00 ч.
DJ set:
Sonja Ismail

You May Also Like