Градот Скопје ги санира средните училишта годинава со 47 милиони денaри

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска (четврток, 22.08.2013 година) го посети средното училиште на Град Скопје „Панче Караѓозов“ каде што во текот се градежните работи за рекострукција на покривот на училишната зграда.

Градот Скопје, како и изминатите години, за време на летниот распуст започна реконструкција на училишните згради и фискултурни сали. Годинава ќе се изврши реконструкција во 16 средни училишта, а Градот од својот Буџет издвои околу 47 милиона денари. Дел од овие средстава ќе се инвестираат во проекти коишто ќе ја подобрат енергетската ефикасност на училиштата, односно ќе се изврши замена на столаријата и реконструкција на старите покриви на училишните објекти, а дел за реконструкција на подовите во училниците, санитарните јазли и електриката. Минатата година за покривање на дел од училишната зграда на СУГС „Панче Караѓозов“ се потрошени 1,5 милиони денари, а притоа со ребреста лимарина е покриена површина од 520 квадратни метри. Годинава, како што видовте, градежните работи се во тек, и се покриваат двете ламели каде што се сместени училниците, коишто се со површина од 1 450 квадратни метри и 825 квадратни метри, односно со вкупна површина од 2 275 квадратни метри. Се надевам дека реконструкцијата на покривот ќе заврши до почетокот на учебната година, и дека со поставувањето на изолација и нов покрив ќе се подобрат условите за работа на учениците, што ќе придонесе тие да постигнуваат поголеми успеси во совладувањето на наставата – истакна градоначалникот Трајановски.

За време на летниот распуст ќе се с заменат и азбестно-цементните покриви на СУГС „Јосип Брос Тито“ со површина 4620м2 и на СУГС „Цветан Димов“ со површина 2150м2, за чија реконструкција од Буџетот на Градот се издвоени 17.564.540 денари.

Градот Скопје и во изминатите години вршеше реконструкција на училишните згради и фискултурни сали:

– во 2012 година се реконструираа 16 средни училишта што се во надлежност на Град Скопје и од буџетот одвои 32 милиони денари.

-во 2011 година се реконструираа 12 средни училишта и од буџетот одвои 39.224.452 милиони денари.

-во 2010 година се реконструираа 8 средни училишта и од буџетот одвои 22.645.047 милиони денари.

You May Also Like