По повод одбележувањето на 20-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Македонија и Народна Република Кина, денеска (четврток, 12.9.2013 година) во просториите на Националната галерија на Македонија (Мала станица), со почеток во 12:30 часот, свечено ќе биде отворена изложбата на ракотворби од кинеската област Чианг.
Изложбата е резултат на духовната и на културната рехабилитација, а секој експонат е рачно навезан од девојките од малцинството Чианг во регионот Венчуан.
Во изминатиот период, во рамките на програмските активности за одбележување на двете децении билатерални врски меѓу двете земји, оркестарот на Централниот музички конзерваториум од Пекинг одржа концерт во Македонската опера и балет.