EBEC финалето е најграндиозниот дел од Европските натпревари организирани од БЕСТ низ цела Европа, а оваа година се одржува неговото 5-то издание.
Денес, инженерските натпревари се најпопуларните БЕСТ настани помеѓу младите инженери, нудејќи им ја можноста да ја искажат својата креативност, да се натпреваруваат и да се соочуваат со реални проблеми од индустријата или менаџментот.
Оваа година, 120 креативни инженерски умови беа избрани од повеќе од 5000 учесници низ два интензивни елиминирачки круга: 83 локални и 5 национални/регионални натпревари. Најдобрите 30 тимови од по 4 студенти, секој тим докажа дека е спремен за EBEC финалето со соочување на реални инженерски предизвици во две категории: Team Design (практично решение со физички прототип) и Case Study (хипотетички решенија за вистински реални проблеми).
EBEC финалето 2013 е поддржано од ректорот на Варшавскиот универзитет за технологија, градоначалникот на Варшава, г-ѓа Хана Гронкиевиц-Валц, Министерството за наука и високо образование на Република Полска, Полската академија за наука, Организацијата за образование, наука и култура при Обединетите Нации (УНЕСКО).
БЕСТ – Борд на Европски Студенти по Технологија, е неполитичка и непрофитна студентска организација за студенти по технологија, инженерство и други науки. Со одржување и развивање на нејзините најважни активности, таа обезбедува мобилност на повеќе од милион студенти, и им дава можности за комплементарно образование, вклучување во образовниот процес и поддршка во кариерата.
За повеќе информации, посетете ја нашата веб страна www.BEST.eu.org и веб страната на EBEC, http://ebec.best.eu.org