„Гуливеровите патувања“ во кино Миленум

„Гуливеровите патувања“ (“Gulliver’s Travels“) на репертоарот на Градското кино Милениум, oд утревечер (петок) 4 фебруари 2011 година.

Гуливеровите патувања
Гуливеровите патувања

Проекциите на оваа 85 минутна авантуристичка – комична драма се во термините од 20 и 22:30 часот, режисер на филмот е Роб Летерман, познат по анимираните блокбастери: „Приказната за ајкулите“ и „Чудовишта против вонземјани“. Улогите ги толкуваат Џек Блек, Емили Блант, Џејсон Сегел, Били Коноли, Катерина Тејт и Аманда Пит.

Филмот е продукција од 2010 година и е базиран на новелата од осумнаесетиот век од писателот Џонатан Свифт, „Гуливеровите патувања“. Џек Блек го глуми Лемуел Гуливер, чиновник во Њујоршкиот дневен весник. Откако ќе напише измислена приказна за Бермудскиот триаголник, за да докаже дека истата не е фиктивна, тргнува на пат кон таа мистична локација. Кога пристигнува на местото, на нејасен начин се телепортира во една непозната земја наречена Лилипут. Штом ќе дознае дека во земјата живеат малечки џуџиња наречени Лилипутанци, како најголем човек со уште поголемо его, станува личност во центарот на случувањата: измислува приказни за себе си, се става на чело на најголемите историски настани и си ја припишува заслугата за најголемите човечки изуми. Неговата позиција се зајакнува уште повеќе кога ќе ги поведе новостекнатите пријатели во борба со нивните долгогодишни непријатели.

You May Also Like