„ПРИВАТНО | ЈАВНО правење простор – заземање простор“

Настанот „ПРИВАТНО | ЈАВНО правење простор -> заземање простор“ кој што ќе се одржи од 9 до 12 јуни на различни локации низ Скопје. Отворањето на настанот е закажано за 9 јуни 2011 година, со почеток во 19:00 часот пред просториите на поранешен Културен Центар Точка, позади Соборниот храм „Свети Климент Охридски“.


Овој четири дневен настан се состои од 3 поголеми целини:

o    9 уметнички интервенции во урбаната средина во делот со уметнички интервенции,
o    2 предавања и 2 дискусии за Градот преку серијата предавања и дискусии,
o    5 прошетки низ Скопје со водичи кои се истовремено и жители на овој град и го додаваат својот личен поглед на градот.

„Приватно | Јавно“ покренува прашања за критичкото присвојување на Градот преку културни дејства.Во програмата се вклучени уметници, предавачи и актери на културните сцени од Македонија, Србија, Хрватска, Косово и Германија. Во текот на четири дневната програма на настанот ќе учествуваат над 40 лица, културни работници со различни профили на работа: визуелни уметници, музичари, теоретичари, куратори и други.

Настанот е поддржан од: Роберт Бош Фондацијата и Гете Институт, Скопје.

Приватно | Јавно интервенции во јавен простор:

‘Син ѕид црвена врата’, Албан МујаиИлЧитаку(Косово)

Утописки институт,Кристофер Циглер (Германија)

9 Ментални мапи Скопје 2011, Ивана Сиџимовска (Македонија/Германија)

Дупка во целината, Боба Мирјана Стојадиновиќ (Србија/Бугарија)

Приватна забава, Ѓорѓе Јовановиќ (Македонија)

Концерт од 2 секунди, Дисфилхармонија(Македонија)

FUTUREPAST, Божидар Катиќ (Хрватска)

С.О.С. замаалскитесимболи и приказни, Славица Јанешлиева (Mакедонија)

Распеани Скопјани (Македонија)

Програма

Четврток 9 јуни

19:00 ч.                  Отворање со прошетка ‘Приватно| Јавно интервенции’

21:00 ч.                  Отворање со Распеани Скопјани

Петок 10 јуни

11:00 ч.                  Прошетка ‘Тура низ маалските симболи и приказни’ Славица Јанешлиева

17:30 ч.                  Прошетка ‘КиноКултура’ Влатко Галевски

19:30 ч.                 Разговор ПредавањеБорба за правото на („креативен“) град’ Јоханес Нови

21:00 ч. Интервенција ‘Домашна забава’  Ѓорѓе Јовановиќ

Сабота 11 јуни

13:00ч.                  Прошетка ‘ВраќањевоСарај’  ЈанеЧаловски

16:30 ч.                  РаботилницаПрезентација ‘Ефемерниспоменици’

18:30 ч.                  Прошетка ‘Тура низ маалските симболи и приказни’ СлавицаЈанешлиева

19:00 ч.                  РазговорПредавање ‘Граѓаните – чувари на визуелната култура’СузанаМилевска

20:30 ч.                  РазговорДискусија ‘Отварањепросторпрекукултура| Отворенпросторзакултура’

Недела 12 јуни

11:00 ч.                 Разговор Public Park Picnic ‘Дали имапростор/и за култура во Скопје?’

12:30 ч.                  Интервенција ‘Концертод 2 секунди’ Дисфилхармонија

17:00 ч.                 Прошетка ‘Јавните места, како мој приватен простор’ ВасилкаДимитровска

20:00 ч.                Разговор Презентација ‘Подмладување’ архитектонски интервенции

21:30 ч.                  Прошетка ‘КИНомад: 19 floors elevator’ Виолета Качакова

You May Also Like