Лидија Пачемска со изложба во кафе Lee

Прва самостојна изложбата на Лидија Пачемска, насловена како „COFFE BREAK или така некако“ почнувајќи од петок, 29 април 2011 година, љубителите на уметноста ќе може да ја проследат во кафе Lee.

Љубителите на добро кафе и пријатен амбиент зачинет со уметност, ќе можат да ја видат се до 28 мај.

– Сликите се работени во јајчана техника. Како симболичен и метафоричен поим го земав кафето како култ или нишка на поврзувањето. Преку скриена и двосмислена форма го претставив човекот – единка кој се стреми да го осознае просторот и времето и да го достигне совршенството, а тоа е нешто помеѓу самољубието и балансот, изјави Лидија за cOoLTuRa.mk

You May Also Like