Коктел на доајените на македонската култура

По повод јубилејот „20 години независна Република Македонија“, министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска во чест на доајените на македонската култура приредува свечен прием.

Македонска опера и балет
Македонска опера и балет

На едно место, утре (24.2.2011 година, во 12 часот) во фоаjето на Македонската опера и балет ќе се соберат сите оние кои во последниве децении дале свој придонес за развојот и афирмацијата на македонската уметност и култура.

Поканети се повеќе од 300 уметници – доајени во областа на филмот, театарот, сликарството, издаваштвото, операта, балетот, истакнати професори, музиколози, композитори, естрадни уметници, кои со своите дела и творештво ја поставиле основата на поновата македонска култура, а со тоа не задолжиле да се сеќаваме, да ги почитуваме и да ги славиме нивните дела.

You May Also Like