Канческа – Милевска ќе го отвори реконструираниот Центар за култура – Тетово

Тетово
Тетово

Министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска (16.12.2010 година) во 19 часот во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово ќе се обрати на свеченоста по повод завршувањето на реконструкцијата и санацијата на оваа национална установа од областа на културата.

На свеченоста ќе се обратат и заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за спроведување на Рамковниот договор, Абдулаќим Адеми, и директорот на Центарот за култура, Хаки Фазлиу.

Министерството за култура, во рамките на проектот за реконструкција и санација на домовите и центрите за култура, издвои средства за целосна реконструкција и санација на Националната установа Центар за култура „Иљо Антески-Смок”, прва од ваков вид и обем од неговото постоење. Со ова се овозможуваат адекватни услови за непречена работа на уметниците и за подобрување на локалниот културен развој.

You May Also Like