Изложба на Мемети во Брисел

Во организација на Националната галерија на Македонија, на 28 март (понеделник), во 18.30 часот, во Холот на Министерството за надворешни работи на Фландрија во Брисел, ќе се отвори изложба на Мифтар Мемети со наслов „Со љубов за Мајка Тереза“.

Мифтар Мемети - Со љубов за Мајка Тереза
Мифтар Мемети - Со љубов за Мајка Тереза

Изложбата ќе ја отворат амбасадорот на Република Македонија во Кралството Белгија г-дин Мухамед Халили, г-дин Коен Верланент, државен секретар за надворешни работи при Департманот за Надворешни работи на Фландрија и г-ѓа Маја Крстевска, директор на Националната галерија на Македонија.

Ексклузивноста на делото „Со љубов за Мајка Тереза” на Мифтар Мемети се согледува преку симболичното поврзување на 100 портрети од раните млади години, па сè до смртта на Мајка Тереза, кои го формираат нејзиниот единствен голем лик.

Поврзувањето на луѓето на кое инсистираше оваа голема личност, повторно е изведено симболично преку интерактивниот перформанс со публиката. Мозаикот од фотографии од стоте слики во кои се претопува нејзиниот лик и кој треба да го состави секој посетител, поточно сите ние заедно, е метафора за нејзиното вечно и безгранично давање љубов на секој човек. Затоа сите ние, на исвесен начин, чувствуваме обврска да и се оддолжиме со барем едно мало дело.

Изложбата ќе биде отворена до 13 април 2011 година,  а е подржана од Министерството за култура на Република Македонија.

You May Also Like