Трио Џентлмен со нова преработка на голем хит од АББА

Најновата преработка на Трио Џентлмен насловена „Победник си“, со препев на македонски јазик. Хитот е на АББА од 80тите години, со оргинален наслов,,The winner takes it all”.

Аранжманот е на Јане Дунимаглоски, додека препев од оргиналната нумера направи на Александар Николоски.

Трио Џентлмен е поп-класично трио составено од тројца професионални оперски пеачи: Дејан Стоев-тенор, Кристијан Антовски-баритон и Јане Дунимаглоски-тенор. Поп-класичнито пеење е веќе познат жанр низ светот, а триото е создаден по пример на веќе познати светски поп-класични состави кои веќе подолг период го изведуваат овој жанр на музика. Тие се прв и единствен состав на нашите простори кој го негува и презентира тој жанр на музика и во Македонија.

На нивниот репертоар се наоѓаат најголеми светски поп хитови, наполитански канцони, латино композиции, руски романси, македонски евергрини, балкански поп композиции, и сето тоа изведено во поп-класичен манир.

Изминативе 6 години, колку што постојат, имаат настапувано со целовечерни концерти и друг тип на настани во сите градови низ Македонија, но и надвор од нашите граници.

Нивните настапи се познати по тоа што секогаш нудат нешто ново, нешто не видено и слушнато на нашите простори. Различни од другите ги прави тоа што на нивните настапи прават спој на оперското пеење со различни жанрови, и сето тоа изведено во еден нов и специфичен звук, тризвук интерпретиран од тројца оперски пеачи.

You May Also Like