Програма на Националната галерија до крајот на 2020 година

Почетокот на 2020 година работата на Националната галерија, како и кај сите светски музеи и галерии, се базираше на интерактивни содржини на електронските медиуми и социјалните мрежи.

Затекнати во услови на светска криза на културна понуда направивме презентации на ремек делата од Колекцијата со различен тематски пристап. НГМ го одржува контакот со публиката анимирајќи ја со поинаков пристап диктиран од реалните, тековни услови и можности. Сепак, неминовно беше да се пристапи кон реализација на програмските содржини предвидени за 2020 година. Програмата претрпи измени заради спецификата на дејноста на галеријата, а воедно водејки сметка за јавното здравје и задолжителната социјална дистанца.  

Програмскиот циклус го започнавме на 22 јуни со проектот под наслов „ Пејзажни фасцинации 20“ на Атанас Атанасоски , инсталација во просторот на Чифте амам која ќе се „гради“ во текот на јуни и јули. Заради неможност на физичко присуство целиот процес на поставување ќе биде прикажан на социјалните мрежи на Националната галерија.

IMG_20200626_114330-01.JPG

Останатите програмски содржини за 2020 година се планираат со следната динамика:

Ретроспективна изложба на Решат Амети предвидена за септември/октомври во Даут пашиниот амам (куратор Горанчо Ѓорѓиевски). 

Решат 4.jpg

Нареден проект на виш кустос Ана Франговска планиран за ноември во објектот Чифте амам е изложбата на Моника Мотеска Под наслов „Везење во камен“.

Vezenje vo kamen 1 Ednoumie Monika Moteska.jpg

Воедно, НГМ сака да стави акцент на новите концепти за два проекти. Станува збор за конкурси кои ќе бидат отворени до 20 јули 2020 година

Првиот конкурс е наменет за двајца млади уметници На овој конкурс ќе може да се пријават уметници  до (и) 35 годишна возраст (до денот на пријавувањето на конкурсот да немаат повеќе од  35 години), со постојано место на живеење на територијата на Република Северна Македонија (од најмалку три години).

Повикот е отворен за сите млади уметници кои имаат идеја да реализираат проект во еден од објектите на Националната галерија – мултимедијалниот центар Мала станица, во периодот октомври-ноември 2020 година. Темата не е ограничена, ниту однапред детерминирана.

Повеќе за конкурсот за млад уметник 

Вториот конкурс е за зрел уметник На овој конкурс ќе може да се пријават сите уметници над 35 годишна возраст со постојано место на живеење на територијата на Република Северна Македонија (од најмалку три години). Проектот ќе треба да го реализираат во мултимедијалниот објект Мала станица во ноември – декември 2020 година.

Повеќе за конкурсот за зрел уметник

Последниот проект планиран за крајот на 2020 година е јубилејната изложба по повод 90 години од раѓањето на Иван Велков.

Еклектици, 1965, масло на платно, 45х140 см.jpg

Со оглед на неизвесноста на развој на настаните, а со надеж дека ситуацијата ќе се смири и ќе продолжиме да живееме и работиме во нормални услови, Националната галерија на Македонија ги задржува сите права за измени и дополнување на програмските содржини. 

You May Also Like