Пред неколку дена излезе видео запис, за нумерата „Гризам“ на Арди и Тракер. Овие две млади момчиња слободно можеме да ги наречеме иднината на македонската рап сцена.
Треба само да напоменеме дека се работи за момчиња од 18 и 16 години, кои звучат моќно и цврсто, имаат чист и јасен изговор на своите рими и очигледно знаат каде одат.
Битно е и да се каже дека се работи за две скромни и добро воспитани момчиња, кои со својот однос докажуваат дека хип хоп културата кај нас го завзема своето место и продуцира многу поиздржан квалитет и вредности, за разлика од многу музички стилови кои кај нас се промовираат, а шират кич, невкус и простотилак.
Ви ги претставуваме Арди и Тракер со „Гризам“. Само напред момци!