Видео: „Непотизам и ренесанса“ од Стиховен калибар

Стиховен калибар со уште еден видео запис, вкупно шести од новиот албум, наречен „Последниот завет“. Денес беше објавен спотот за нумерата „Непотизам и ренесанса“.

Стиховен калибар
Стиховен калибар

Стиховен Kалибар го заврши снимањето на видеото за темата Непотизам и ренесанса,  кое е реализирано под диригентската палка на Дарко Костовски.

Видео спотот е сниман во студиото на Трајче Митревски од Културно Уметнички Работници, кој воедно е музички продуцент на траката.

Еве го и текстот од истата:

Непотизам и ренесанса

Немаш дедо владика во систем кој е руиниран
уринирај во него за да не останеш фрустриран
20 години школо синко учи биди вреден
стани доктор магистер па ќе истовараш шлепер
со нервоза, психоза во лудилото ќе цркнеш
кога нема што да јадеш имаш сонце од кутлеш
и секој ден во животот ти е како реприза
карантинот те гуши сакаш да излезеш од криза
низа стерилни сероњи само сервилно серат
со мозок како грашок а ташаците ги мерат
од девееста до денес само заблуда и надеж
млади интелектуалци а во последен сталеж
во летаргија фаза дали можеш да се бориш
колективно убиство па одново да се родиш
од швалерка до мајка стани и ти негов зетко
да му ебеш ќерката на секој буџетски директор

немаш дедо владика во животот зијан
со крстот на чело секој ден е депримиран
среќата ја бараш ама не си педигриран
секој ден e пијан од кучиња фрустриан

Немаш дедо владика сега го имаш само Бог
во друштвото на мизантропи само еден филантроп
првенецот на факултетот сега живее ко скот
со толпата во редот и редовен во заводот
па да го трпи бедот зошто го нема педигрето
она што преостана е само гето и талентот
или втор факултет најдобро теологија
па еден ден можеби ќе бидне поп и владика
а курикулум витае беше најголема курва
што ја даваш на сите а ти со прстот пак во уста
понижен у ниска каста и третиран ко гнаса
во македонската фарса на непотизам ренесанса
база на празноглавци каде тикви владеат
и многу јунаци изумреа во цела смрдеа
во оазата на чмарот смени ја практиката
па сруши ги правилата и еби им мамицата

You May Also Like