Mинатогодишниот добитник на престижната француска книжевна награда „Гонкур”, романот „Три силни жени” од Мари Ндиај е објавен од страна на издавачката куќа „Детска радост”.
Мари Ндиај„Три силни жени” еден инвентивен роман, кој на исклучително метафоричен начин ја раскажува животната историја на три хероини што го живеат современиот живот во Африка.
Во три засебни раскази, кои на свој начин се поврзани во книгата, прикажани се ликовите на три решителни и храбри жени, кои поминуваат низ безброј искушенија. Само поради нивната доблест, силна физичка конституција и изразената духовна и умствена сила, тие ќе успеат да го заштитат своето достоинство и да се пробијат во животот
– Животите што Ндиај ги опишува ја манифестираат трансформацијата на свеста. Трите силни жени во нејзиниот роман се жртви и моќта што приказните ја откриваат е онаа за самоосознавањето, за вербата во себе и за истрајноста. Оваа писателка со западноафриканско потекло брилијантно го опишува раѓањето на новата свест, вели за „Сандеј тајмс” Мајкл Серингам инаку професор по француски на Универзитетот во Оксфорд.
Авторката Мари Ндиај е родена Франција и е со сенегалско потекло. Била автор на десетина книги, романи, раскази и театарски дела.