Од богатата понуда на наслови за ова лето, од издавачката куќа Просветно дело ги издвојуваат трите хит-романи на Николас Спаркс “Последната песна“, “Прибежиште“ и “Драги Џон“.
Станува збор за два од шесте веќе филмувани наслови на еден од најпродаванате американски писатели, и за еден (Прибежиште) кој е планиран за адаптација на големото платно оваа година. Доколку се решите да “фатите сенка“ и да уживате во романите на Николас Спаркс, еве накусо за што станува збор…
„Последната песна“ е трогателна приказна за 17-годишната Рони, која се обидува да му даде втора шанса на својот отуѓен татко истовремено ги искусува најголемата среќа – љубовта, но и најголемата болка – загубата.
Во “Прибежиште“ ја запознаваме мистериозната Кејти која се населува во малото гратче Саутпорт и токму кога решава да и` дозволи на љубовта да и` го освои срцето, почнува да ја прогонува мрачната тајна од нејзиното минато.
Само што ќе се пријави во Армијата, Џон ја запознава девојката од соништата – Савана. Но, настаните од 11 септември менуваат се`. Савана се мажи за друг. „Драги Џон“, се двата збора со кои едно срце е скршено, а два животи променети засекогаш.