IN MEMORIAM: Почина Зоран Џорлев

Почина маестро Зоран Џорлев (10 јануари 1967 во Струмица – 01 јануари 2021) – македонски виолинист, вокален изведувач, и професор. Тој е син на Наско Џорлев, композитор на народна музика.

Џорлев е роден во Струмица на 10 јануари 1967 година, каде го поминал детството, живеејќи на улицата „Пере Тошев“ во близина на киното, заедно со братот Ристо (Ице) и сестрата Софче. Тој е дете на Наско и Грозда Џорлеви, а татко му бил познат композитор на народна музика и водач на оркестар. Кога бил првооделенец, со семејството се преселил во Скопје. Уште во раното детство, во Струмица, започнал да свири на труба, хармоника и гитара. Во 1977 година почнал да свири на виолина, откако претходно во музичкото училиште бил одреден да свири на пијано, зашто „немал предиспозиции за виолина“.

Во 1989 дипломирал виолина на Факултетот за музичка уметност. Познат е по обработките и изведувањето на македонските народни и забавни композиции, обработки на филмски, џез, етно теми.

Работеше како професор по виолина, и бил директор на ДМБУЦ Илија Николовски Луј во Скопје.

Во јануари 2011 е назначен за директор на ансамблот за народни игри и песни „Танец“, каде остана до август 2017 година.

Во негова чест, Параходот, во негова изведба.

Слава му!

You May Also Like