(фото) Како тече снимањето на филмот „Деца на сонцето“

Снимањето на филмот „Деца на сонцето“ се одвива во пријатна, комотна и организирана атмосфера. Екипата поминува убави и продуктивни денови на сет. Еве неколку ексклузивни фотографии како изгледа атмосферата зад камерата овие денови…

1.Режисерот Антонио Митрикески покрај Преспанското езеро на 22 от ден од снимањето на „Деца на сонцето“

2.Директорот на фотографија Јарек Шода и близок пријател на режисерот уште од студентските денови во потрага по вистинскиот катар

3.Се снима и се работи и на плус 33 степени

4.Режисерот Митриќески им дава инструкции на актерите Владо Јовановски и Билјана Таневски

5.Две антолошки актерски ѕвезди. Емир Хаџихафизбеговиќ и Мето Јовановски во неврзан муабет помеѓу две сцени

6.На залез на сонцето се уснимуваат најавтентичните пејсажни кадри

7.Влатко Стефановски, ја прави музиката за филмот, но наедно игра и епизодна улога. Потребна му е концентрација за да ги покаже своите актерски потенцијали на големото платно

8.Митрикески во консултација со неговиот асистент на режија Саша Станишиќ

9.Босанската филмска актерска легенда Емир Хаџихафизбеговиќ го игра ликот на Фурда, кој е своевидна гртоеска и автентичен измамник

10.Јарек Шода на своето работно место

You May Also Like