Третото издание на „Фестивалот на музика од светот“ – Битола 2011

Фестивал на музика од светот / Festival of world music се одржува трета година по ред, а организатор на истиот е Центарот за култура во Битола. Покровител на фестивалот и овојпат е Министерството за култура, додека селектор на фестивалот е Оливер Јосифовски.

Третото издание на „Фестивалот на музика од светот“ – Битола 2011, ќе се одржи на 3 –ти декември и го карактеризира рафиниран интернационален музички мозаик, еклектична програма и квалитативен чекор напред. На единствената фестивалска вечер во Центарот за култура свој настап ќе имаат еминентни музички имиња кои негуваат сосема различни мзуички стилови и правци.

Интернационалниот фестивал ќе го отвори либанката Yolla Khalife која ќе настапи заедно со домашните познати музичари Оливер Јосфивоски ( контрабас), Васил Хаџиманов (пијано), Газменд Бериша (виолина )и Александар Петров (перкусии), потоа џез пејачката и старлета Marla Blumenblatt која има потекло од Македонија и Австрија која досега настапувала во познатото париско кабаре “Crazy Horses’а соработувала и со светски познатата старлета –Dita Von Teese, додека од Турција овојпат гостува Ibrahim Metin Ugur кој ќе биде придружуван од Shafak Velioglu.

Центарот за култура од Битола, со цел да иницира и презентира нова визија на богатите македонски етно музички и вокални мотиви, поврзани со традицијата, кративно надоградени и адекватни на времето во кое што живееме, во 2009 година го воспостави фестивалот „Етно фест – Битола“ кој пак една година подоцна заради надоградениот концепт и изменетата програмска определба е преименувам во „Фестивал на музика од светот“ – “Festival of World Music – Bitola ” .

Учесници:

Marla Blumenblatt ( Австрија / Македонија) feat. Гоце Димовски, Бојан Петков, Оливер Јосифовски

Yolla Khalife ( Либан) feat.Oliver Josifovski contrabass, Alexandre Petrov percussion, Gazmend Berisha violin, Vasil Hadzimanov piano.

Ibrahim Metin Ugur ( Турција) feat Shafak Velioglu

Биографија на учесниците:

1. Marla Blumenblatt ( Австрија / Македонија)

Марла Блуменблат е пејачка и старлета со богато пејачко и танцово искуство на сцена.

Од 2001 година, после завршувањето на нејзините студии по танц во Конзерваториумот во Виена, заминува за New York, каде што учи на академијата ‘Steps of Broadway’. Од тој момент кариерата на Марла расте како само што човек може да посака. Настапувала во Paris Cabaret ‘Crazy Horses, во Las Vegas MGM Grand, член на “Cirque du Soleil’, подоцна станува солист на “Crazy Horse” кабаре во Париз каде што во 2009 година реализира DVD со светски познатата старлета Dita von Teese. Во 2010 година посетува часови по пеење во New York City кај познатата Mary Setrakian (позната професорка кај која што часови по пеење посетувале и Nicole Kidman, Mary J. Blige…)

Нејзиниот прв албум “Poison Arrows” беше проследен со голема заинтересираности возбуда кај публиката и кај критиката. Изработен во духот на 3отите и 40тите години, со гламурот и софистицираноста на Марла Блуменблат совршено се вклопува со нејзината изјава: ‘Морате да ја чуете мојата музика за да знаете која сум јас.’ Оваа дама со македонско потекло, родена во Виена, моментално живее во Берлин. Публиката ќе може да чуе музика од нејзиниот прв албум којшто излезе минатата година, заедно со оригиналната екипа на музичари со кои и го сними овој албум.

2. Yolla Khalife ( Либан) feat.Oliver Josifovski contrabass, Alexandre Petrov percussion, Gazmend Berisha violin, and Vasil Hadzimanov piano.

Јола Калиф е родена во Бејрут (Либан) и настапува како водечки вокалист за ансалблот Marcel Khaliffe’s Al – Mayadine од 1978 па се до денес. Прочуената вокалистка која во својата богата програма настапува со репертоар на Арапски фолк, поп и репертоар на класична музика, Јола Калифе прави експанзија на своите граници со тоа што соработува со музичари од Средниот Исток, вклучувајќи Македонски, Турски, Грчки и други дувачки и гудачки виртуози од Источна Европа.

Настапите на Марсел Калифе и другите мајстори на класичната Арапска музика ја сочинуваат оваа симбиоза на исклучителни музичари ширум светот. Дванаесетте композиции испеани на Арапски јазик го рефлектираат музичкото патување на Јола Калифе кое што таа го пишува како “ Да доживееш љубов, убавина, среќа, пријателство, задоволство, невисност со доза на фрустрација, осаменост, тага, мрзеливост, неспокој, страв и раздраздливост.

И да изгубиш места и драги луѓе. “ Калифе настапувала на Фестивалот за духовна музика ФЕС, Salle de’Unesco – Париз, Palais des Braux Arts во Брисел, Arabesque Festival –Вашингтон. Нејзиното последно ЦД издание “Aah” вклучува разноврсност од Англиски и Арапски текст. На овогодинешниот Фестивал на Музика од Светот во Битола, Македонија ќе се претстави со музика од нејзиниот последен албум заедно со музичките имиња кои ја придружуваа на самиот албум: Александре Петров на ударни инструменти, Газменд Бериша на виолина, Оливер Јосифовски на бас и ВасилмХаџиманов на пијано. Овој албум беше меќу надобрите 10 продавани албуми во Бејрут (Либан) за 2011 година.

Извонредната Јола Калифе вели дека љубовта кон музиката ја има уште од најрано детство, а за нејзината денешна кариера ќе изјави : “ Морав да научам да бидам во мир помеѓу хаосот, да пронајдам интимност со тишината, да копам длабоко во себе и да се борам со самата себе се до истоштеност , и да станувам после секое умирање.“

3. Ibrahim Metin Ugur ( Турција)

Ибраим Метин Угур свири чело во државниот оркестар на Турскиот Радио Канал ТРТ во Истамбул од 1987 година. Неговите настапи се карактеризираат со необичен и уникатен пристап и репертоар од класични до дела кои ја претставуваат традицијата на Tamburi Cemil Bеy со чело и ‘ребаб’. Тој е олицетворение на традицијата на чело во Турската Класична Музика користејќи специфични насоки и техники кои што значително придонесоа во истражувањето на можностите на овие инструменти. Во репертоарот на класична музика настапува со чело како соло инструмент и придружуван со пијано, односно ‘камерен оркестар’.

Во изминатите десет години Ибраим Метин Угур работеше на проучувањето и можностите на Турскиот класичен инструмент ‘ребаб’ што придонесе до техничкото усовршување на инструментот кое се однесува на жиците при тоа создавајќи фамилијарна поврзаност на инстументот со фамилијата на виола. Ибраим Метин Угур продолжува да работи и снима со Турскиот Радио Канал, и да свири ‘ребаб’ на значајни настани насекаде во светот. Кон овој уникатен и усклучителен инструмент се пристапува со особена грижа и виртуозитет со сите технички и тонски усовршувања. Иако постојат неколку различни анегдоти за раѓањето на овој древен инструмент, невозможно е да каже прецизна дата за неговото потекло. Една од анегдотите е дека Соломон свирел на ребаб уште во 3800 ПНЕ. Според други, Ал-Фараби е тој што го измиси ребаб, а трети тврдат дека ребаб се свири од кога и постојат Турците Уигур (Uyghur).

 

You May Also Like