Вечер (17 септември, вторник) во Музејот на град Скопје во 20:00 часот ќе се одржи пијано-рецитал на Mимоза Ќека. На програмата ќе бидат изведени дела од Бах , Бетовен, Шуман, Рахмањинов и Дебиси. Настанот е дел од циклусот „Доаѓаме“ во организација на Културно-информативниот центар од Скопје.
Мимоза Ќека е родена 1994 година.Нејзиниот талент е откриен на многу млада возраст. Во 2011 година на 16-годишна возраст, порано од вообичаеното, завршува средно музичко образование со одличен успех во ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј”. Сега е студент трета година на ФМУ во Скопје,оддел пијано, во класата на проф. Тодор Светиев. Добитник на бројни награди на државни и меѓународни натпревари . За време на студиите успешно настапува на повеќе концерти во рамки на ФМУ. Во 2012 и 2013 година настапи на фестивалите: “Златна лира”, “Есенски музички свечености”, “Денови на македонска музика”.
Мимоза Ќека е млад и перспективен музичар кој има потенцијал редовно да го следиме на музичките подиуми во нашата земја и надвор.
Во рамките на својата комплексна дејност преку циклусот “ДОАЃАМЕ…” КИЦ-Скопје продолжува со традицијата на екслузивни дебитантски концерти. Како носители на овие програми се јавуваат млади инструменталисти – ученици и студенти од музичко-образовните институции во Македонија.
И покрај младоста, тоа се без исклучок оное таленти кои веќе ја аргументирале својата концертнaтна перспективност низ бројни настапи за своите учебни институции, за МММ, како солисти на МФ, но исто така и низ бројните освоени награди на државните и меѓународни натпревари за ученици и студенти по музика.