Денеска (17 септември, вторник) во 19:00 часот пред книжарницата ТРИ во ГТЦ ќе се оддржи промоција на книгата „Свеќа и светлина“ на нашиот амбасадор во Австрија, д-р Ѓорги Филипов.
Книгата „Свеќа и светлина“ е своевидна збирка на кратки раскази и есеи што Ѓорѓи Филипов ги објавува најпрвин на својот Фејсбук профил, а кои наидуваат на огромниот интерес кај широкиот круг на пријатели. Оваа публикација е логично продолжение на богатиот творечки ангажман на Филипов, а убедени сме дека ќе уживате во едноставноста и приемчивоста на текстовите, пишувани од човек со огромно животно и работно искуство собрано во текот на времето, на разни општествени и географски локации.
Промотор на книгата ќе биде Милован Стефановски, а на гостите ќе им се обрати и авторот на книгата Ѓорѓи Филипов.