Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, денес (понеделник, 8 јули 2013 година) во 11:00 часот ќе се одржи прес конференција по повод изложбата Копнеж по реалното, изложба на современи австриски уметници.
Оваа изложба е во соработка со Министерството за култура на Република Македонија и Министерството за култура на Австрија, а ќе биде отворена во среда, на 10 јули 2013 година.