Прв театарски е-весник во Македонија

Излезе првиот број на електронскиот весник „Театарот во Светот„ кој Театарска Младина на Македонија започнува да го презентира до вкупната театарска јавност и до сите театарски уметници во Македонија.

Добивањето навремени и свежи информации за сите актуелни случувања во театарот на планетарно ниво е од есенцијално значење за квалитетот на работата на театарските уметници и за развојот на театарот во Република Македонија и негово квалитетно вмрежување со современиот свет.

Во првиот број е апликацијата за зачленување во Театарска Младина на Македонија со што ќе станете дел од Адресарот на Театарски Уметници на Република Македнија и ќе имате можност да бидете вклучени во соодветни програми и  проекти на ТММ и на меѓународните организации чија членка е ТММ.

Информацијата е СЕ и во оваа смисла, Театарска Младина на Македонија освен информирањето преку овој електронски весник од Светот кон Македонија, го подготвува и вториот електронски весник THEATER IN REPUBLIC OF MACEDONIA кој на англиски јазик месечно ќе се испраќа до вкупната светска театарска јавност.

You May Also Like