Денеска (понеделник, 12 август) во 20:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, со свој перформанс ќе се претстават група шведски уметници обединети во групата „Арс агент“.
Во рамките на фестивалот Охридско лето 2013 „Арт агент“ од Шведска ќе се претстави со перформанс, филм, звучна и светлосна скулптура. Во проектот учествуваат шведските уметници Лот Алфредс, Хелена Бистром, Ана Калблад и Шарлоте Аберг- членови на шведската група „Арт агент“, чија главна активност е инспирирана од социјалната скулптура.
Шведските уметници имаат активна соработка со македонските уметници од КЦ „Медија Артес“, тековно во проектот поддржан од ЕУ, а со наслов „Замисли си го невидливото”, кој започнува на есен и ќе се реализира во Албанија, Македонија, Шведска и Хрватска.
„Театарот тропа на врата!“
„Дротингхолмс Слотс“ театарот од Стокхолм, основан во 1766 година кој сè уште работи, го посетува театарот од Охрид.
Филмска инсталација и перформанс во и околу градскиот театар.
Работа во тек од страна на уметникот Хелена Бистром во соработка со кореографот Ана Калблад. Финалниот продукт ќе биде презентиран и во Стокхолм, Шведска.
„Унисекс“
Што е женско/машко? Како родовите аспекти се прикажани преку облеката и движењата?
Учесниците во перформансот почнуваат да размислуваат за тоа, што значи родот за нив и како нивните лични движења се поврзани со облеката што тие вообичаено ја носат во нивниот секојдневен живот. Како човечки суштества прикажуваме еден вид штит, префинета површина, моделирани и создадени после многу години практика и културна адаптација. Претставата „Унисекс“ е имагинација. Тоа е еден вид на сенишна трансцеденција каде што половите се способни ја да менуваат формата и да преминуваат еден во друг.
„Унисекс“ е соработка помеѓу уметникот Шарлоте Аберг, кореографот Ана Калблад и уметници од КЦ „Медија Артес“ и Охридскиот народен театар.
„Дополнителен сјај“
Лот Алфредс ќе ја прикаже и интерактивната звучна скулптура во форма на рачно дувано стакло и светлосна инсталација –„Дополнителен сјај“.