Отворање на изложба на графики во Охрид

Центарот за култура “Григор Прличев”-Охрид во соработка Ц.К.П. Артерија, денеска (сабота, 14 септември) во 20:00 часот организираат изложба на графики.

Во просториите на НУЦК “Григор Прличев “- Охрид ќе бидат поставени 25 графики на уметници кои дипломирале/магистрирале на Националната ликовна академија во Софија.

Делата се изработени во различни техники.

Изложбата е организирана од Ц.К.П АРТерија во соработка со Центарот за култура “Григор Прличев “-ОХрид

Учесници:

Васил Ангелов
Зина Неделчева
Зоран Мише
Ива Димитрова
Мирослав Николоски
Васил Колев
Павел Целкоски
Горан Тричковски
Вања Божева

Изложбата ќе биде отворена до 25-ми Септември 2013.

 

You May Also Like