Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска (сабота, 14.09.2013) година во 16:30 часот, заедно со градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески ќе оствари посета на Центарот за култура каде во пресрет на вечерашното отворање на фестивалот „Браќа Манаки“ е инсталиран нов современ кино прожектор.
Новиот кино прожектор од денес во функција во Центарот за култура Битола, официјално ќе го промовира Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.