Покрај многуте најавени гости од сите програмски целини, во Битола доаѓа омилената актерка на режисерите и на публиката, високоценетата, уникатна, автентична, неверојатна Изабел Ипер. Француската актерка е постојано актуелно и добива најголем број понуди за учества на фестивали, што ја прават најголемото име кое досега го обележало Фестивалот „Браќа Манаки“ – Битола.
Со над сто филмски ролји и уште многу други на театарските сцени, претставува една од најбараните актерки на стариот континет, за која се смета дека „може да одигра секаква улога“. Иако е меѓу најангажираните и најталентирани актерки, Изабел Ипер е мошне затворена личност, како и повеќето хероини што ги толкува во филмовите. Не милува да биде интервјуирана и тешко се открива за личните прашања во јавност. Ретко прифаќа да гостува на Фестивали, а нејзиниот дводневен престој на „Браќа Манаки“ ѝ е едно од ретките доаѓања во регионот.
Поседува импресивна филмографија, играјќи за режисери од врвен ранг и со актерска поддршка на големи брендови на француското и на европското кино. Во нејзиното портфолио се наоѓаат огромен број фасцинантни постигнувања. Таа е единствената која била дури 14 пати номинирана за наградата Сезар и е една од четирите актерки кои двапати ја освоила соодветната награда на Канскиот филмски фестивал. Останатите три се Ванеса Редгрејв, Хелен Мирен, Барбара Херши. Снимала со буквално сите најважни француски режисери од последниве 40 години како Бертран Таверние, Жан-Лук Годар, Патрис Шеро, Клод Шаброл, Франсоа Озон, но и со режисери како Мајкл Чимино (режисерот на Ловец на елени), Џозеф Лоуси (режисерот на Посредникот), Михаел Ханеке (режисерот на Белата панделка). Добитничка е на 57 филмски но и друг вид награди, меѓу кои:
Добитничка е на бројни престижни награди и признанија, а најпрепознатлива улога ѝ е во Пијанистка (Учителка по пијано) од 2001 година на Ханеке во кој ја толкува Ерика Кохут од Виенскиот конзерваториум. Во моментот кога го среќава Валтер Клемер (игран од 21 година помладиот од Ипер актер, Беноа Мажимел), нејзиното однесување станува и повеќе од ексцентрично. Филмот освои бројни награди, но веројатна најголемата беше тоа што многу критичари ја прогласија ролјата на Ипер за најголемата во нејзината кариера.