Здружението за литература, култура и наука Бран и списанието Бранувања од Струга, организираат Меѓународна книжевна средба која ќе се одржи денеска (понеделник, 12 август) во 12:00 часот во спомен-куќата на Браќата Миладиновци.
На средбата ќе бидат претставени писателите: Срѓан Духовиќ (Корчула), Фикрет Цацан (Загреб), Лилјана Црниќ (Белград) и Валерио Орлиќ (Ријека).
Гостите ќе ги претстават: д-р Христо Петрески, м-р Мерсиха Исмајлоска и Петко Шипинкаровски.